Mјузиклот „Убавицата и ѕверот“ во нашето училиште
Од ООУ ,, Јан Амос Коменски,, – Скопје, искажуваме искрена благодарност до ЗаменикГрадоначалник на Општина Карпош г-дин Неделчо Крстевски, заменик раководител на Сектор задејности од јавен интерес м-р Анета Марковска Илиевска и Студиото за детски и младинскимјузикли БРОДВЕЈ ЈР., како и до Здружението Крео-Аксис Скопје, за прекрасната изведба намјузиклот „Убавицата Read more
Општествена градина „Бостаниа”
Денес ученици од нашето училиште, заедно со корисниците од Дневниот центар „Порака“, заеднички ги обработуваа нивните леи во Општествената градина „Бостаниа“. Преку интересно предавање од претставник на градината, учениците имаа можност да се запознаат со нејзината улога, значење и придобивките од заедничката грижа за природата и заедницата. Со труд, дружење Read more
Екскурзија IX одд
Со насмевки, дружење и нови знаења започна наставно-научната екскурзија на деветтоодделенците од ООУ „Јан Амос Коменски“. Низ прекрасните предели и богатото културно-историско наследство на Македонија, учениците имаат можност да учат, истражуваат и создаваат незаборавни спомени. Маршрута на екскурзијата: Скопје – Куманово – Пробиштип – Радовиш – Струмица – Дојран – Read more
Посета на УТСМ
По повод 20 години постоење на УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ СКОПЈЕ, две децении посветени на знаењето, учениците од второ-б одделение беа поканети од Доц. д-р Ангела Миленковска Климоска на која сме и благодарни за убавиот прием и поминати моменти.
Денот на музеите
По повод Денот на музеите, учениците од ОOУ „Јан Амос Коменски“ заедно со наставничките Даниела Стојчева и Татјана Ѓеоргиевска реализираа инспиративна и едукативна посета на Даут-пашин амам. Низ богатата музејска поставка учениците имаа можност одблизу да ја почувствуваат уметноста, историјата и културното наследство, збогатувајќи ги своите знаења и доживувања. Воедно, Read more
Generalka weekend(пролетна акција за чистење и рециклирање отпад) организиран од Пакомак.
Нашето училиште го поддржа настанот Generalka weekend(пролетна акција за чистење и рециклирање отпад) организиран од Пакомак. Човекот наместо да живее во хармонија со природата, влегува во судир со неа, нарушувајќи ја. Ваквите иницијативи се од големо значење за нашето општество. Учениците од 9б Михаил Јачовски и Срна Ачковска заедно со Read more
Помош од нашите мали другарчиња
Со многу насмевки, ентузијазам и вредни рачиња, децата од градинката „Мајски цвет“ помогнаа во хортикултурното уредување на дворот на нашето училиште. Преку игра и дружење, заедно создадовме поубав и позелен простор за сите. Благодарност до нашите најмали херои за трудот и љубовта кон природата!
Калина Тортевска продолжува со своите успеси
На Јуниорската математичка македонска олимпијада, што се одржа на 09.05.2026, нашата осмооделенка Калина Тортевска освои златен медал Честитки за овој голем успех и да и посакаме среќа на Калина на меѓународно ниво. Ментор: Светлана Софеска
Посета по повод Денот на училиштето „Станислав Сремчевиќ“ Крагуевац
Со голема чест и задоволство, во периодот од 07–10.05.2026 година, остваривме официјална посета по повод Денот на училиштето „Станислав Сремчевиќ“ Крагуевац, Р. Србија и одбележувањето на 50 години успешна соработка и пријателство. Делегацијата беше предводена од в.д. директорката Александра Блажевска, заедно со наставничката Марија Христовска, поранешната директорка Маја Старова и Read more
Нашите млади писатели повторно се наградени!
На литературниот конкурс организиран од библиотеката Другарче, гран при освои Михаил Јачовски од 9б, прво место Лара Нелковска од 9а и Филип Ковачевски од 8 а, второ место – Теодора Бошковска од 7а, Зое Лалиќ од 6а и Инес Пуздерлиски од 6а. Честитки за нив! Ментори: Гроздранка Кажлева, Елизабета Теодосиевска Read more










