Проектот „Еко училиште„ започна да се реализира во учебната 2011/2012 година во нашето училиште. Овој проект јасно го определува начинот на кој наставните содржини за заштита на животната средина кои се дел од наставната програма ќе бидат применувани во секојдневниот живот во нашето училиште. Ваквиот пристап ќе им помогне на учениците да ја разберат важноста за подигнување на еколошката свест на секој поединец.
Посебно значење овој проект му посветува на прашањата за рационално користење на енергија и вода, намалување и рециклирање на отпадот и уредување на училиштето, училишниот двор и неговата најблиска околина. Сите учесници во овој проект а тоа се учениците , наставниците, директорот,педагошката служба, техничкиот персонал, родителите и претставниците од локалната заедница заеднички превземаат повеќе практични чекори кои ќе допринесат за почиста и поздрава животна средина.
Цел на овој проектот е мотивирање на учениците, а преку нив родителите за се почесто користење на обновливи превозни средства, т.е „пријатели на природата“ а тоа значи движење пешки, со велосипед, со ролери, со јавен превоз и сл. Се со цел е намалување на емисијата на јаглеродот диоксид во атмосферата.На 19-иот Самит за заштита на климата во организација на ОН кој оваа година се одржа ва Варшава, Полска, cвое учество зедоа и учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“.
На 16.11.2013 по втор пат активностите на учениците од кампањата „Зелени стапалчиња“ беа претставени преку извештајот на Алијансата за заштита на климата. Ова претставување е од големо значење за училиштето, општината Карпош и РМакедонија бидејки ООУ „Јан Амос Коменски“ е едниственото училиште од нашата држава кое се претставува на вака високо интернационално ниво http://www.zoom-kidsforclimate.eu/138.html.
Секој учесник на Самитот го доби извештајот подготвен од алијанасата каде РМакедонија е во друштво на многу европски држави и единствена од регионот и тоа под уставно име и кирилско писмо.На овој начин покажуваме дека ги воспитуваме и образуваме идните генрации да се грижат за зачувувањето климата т.е чистиот воздух.