
Во присуство на градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Совет, Христо Саракинов, на спортските терени во ООУ „Јан Амос Коменски“ официјално беа отворени овогодинешните училишни спортски лиги.
Учениците од сите 10 основни училишта во Карпош ќе имаат можност во текот на целата година да се натпреваруваат, да спортуваат и да ги развиваат своите спортски вештини.
0 Comments