STEAM AND SPORT


Во периодот од 17-19.03.2025г. училиштето беше домаќин на (LTTA)-тренинг за наставници во рамки на ErazmusPlus проектот STEAM and Sports: A goal for education equity” Steam & Sport.






На работилницата учествуваа 20 наставника од сите партнер организции кои се дел од овој проект а тоа се Шпанија – Universidad de Burgos – UBU , Холандија Learning Hub Friesland, Хрватска – Osnovna skola “Bakar” – Бакар, Србија
Osnovna skola “Branko Radicevic” – Нови сад и два партнери од нашата држава Future Minds Skopje и нашето училиште ООУ “Јан Амос Коменски“.






Координатор на проектот е Универзитетот во Бургос Universidad de Burgos – UBU од Шпанија. На тренингот учесниците се запознаа со интегративни модели на планирање на наставата како и со примена на алатки од вештачка интелегенција
за планирање на наставни часови. Учесниците имаа и можност да се запознаат со убавините на нашиот град и парк шумата Водно















(Во рамки на активностите од Erasmus+ проектот STEAM and Sports: AGoal for education equity, успешно беше реализирана пилот-имплементација на избрани наставни содржини од прирачникот за наставници  STEAM and Sports

Главната цел на пилот-фазата беше да се евалуира ефективноста, применливоста и интердисциплинарниот потенцијал на развиените наставни материјали, како и да се соберат квалитативни и квантитативни повратни информации од наставниците и учениците, со цел нивно понатамошно унапредување

Пилот-тестирањето беше спроведено во период од 15 ноември до 20 декември, во времетраење од пет недели. Овој период овозможи практична примена на наставните содржини, систематско следење на реализацијата и анализа на постигнатите резултати.

Во пилот-фазата учествуваа 10 наставници од различни наставни области:

  • Одделенска настава
  • Биологија
  • Хемија
  • Физика
  • Математика
  • Ликовно образование
  • Физичко и здравствено образование
  • Македонски јазик
  • Природни науки
  • Англиски јазик

Овој мултидисциплинарен пристап овозможи интеграција на наставните содржини и развој на иновативни методи на учење, во согласност со приоритетите на Erasmus+ програмата за квалитетно, инклузивно и современо образование.

Во тестирањето на наставните содржини активно учествуваа 120 ученика кои бе а инволвирани во во практични активности, тимска работа, истражувачки задачи и анализа на податоци, при што се поттикна нивното критичко размислување, креативност и вештини за решавање проблеми.

Во рамки на имплементацијата беа тестирани четири интердисциплинарни наставни единици, реализирани во различни одделенија.)

https://youtu.be/IWgkEVUZLjE?si=Okr7fIbRmFWB_6E9 (

„Движи се паметно – користење податоци за подобро здравје“

Оваа лекција ги интегрира математиката, дигиталните компетенции и физичкото образование.

Учениците изработуваа анкети, собираа и анализираа податоци, и носеа заклучоци засновани на статистички показатели. Врз основа на добиените резултати креираа предлози за активности што го поттикнуваат здравјето и благосостојбата.Лекцијата придонесува кон развој на статистичко размислување, дигитална писменост и информирано донесување одлуки.)

 („Под притисок“ –Преку практични експерименти учениците ги истражуваа поимите воздушен притисок и зачувување на механичката енергија, поврзувајќи ги физичките концепти со реални ситуации и спортски активности.

Овој пристап овозможи продлабочување на концептуалното разбирање преку искуствено учење.

ООУ „Јан Амос Коменски“ успешно ги реализираше активностите во рамки на Еразмус+ проектот од акцијата КА220 “STEAM and Sports:

ООУ „Јан Амос Коменски“ успешно ги реализираше активностите во рамки на Еразмус+ проектот од акцијата КА220 “STEAM and Sports: A goal for education equity”  број  2024-1-ES01-KA220-SCH-000243408   кој е прв проект од овој тип за нашето училиште. Координатор на проектот е наставничката по хемија Александра Блажевска, а во проектните активности беа вклучени повеќе од 15 наставници од училиштето.

Во текот на 2025 година беа реализирани три работни состаноци на проектните партнери: во јануари во Ливарден, Холандија, во мај во Нови Сад, Србија и во септември во Бакар, Хрватска. На состаноците се следеше динамиката на реализација на проектот, се координираа активностите и се планираа следните чекори.

Во март 2025 година, ООУ „Јан Амос Коменски“ беше домаќин на меѓународен тренинг за наставници, на кој учествуваа 18 наставници од партнерските организации. Во рамки на обуката, наставниците работеа на интегрирано планирање на наставата преку методологијата на матрицата, развиена од професорите од Универзитетот во Бургос, Шпанија.

Во периодот ноември–декември 2025 година беа тестирани четири наставни часа од Прирачникот за наставници, со учество на 10 наставници и 120 ученици од IV до IX одделение. Во ноември беше тестирана и мобилната апликација развиена во рамки на проектот.

Проектните резултати беа претставени на настанот „Ноември – месец на науката“ и на Петтата меѓународна конференција за математика и сродни науки на Природно-математичкиот факултет. Дополнително, беа изработени три промотивни видеа, два постери, еден флаер и два информативни билтени, а беа подготвени и два труда, објавени во Зборникот на трудови од завршната конференција во Бургос, Шпанија, каде домаќин беше координаторот на проектот – Универзитетот во Бургос.

120 ученици • 15+ наставници • 18 учесници на меѓународен тренинг • 4 тестирани наставни часа • 3 меѓународни работни состаноци • 3 промотивни видеа

Проектот „STEAM и спорт“ претставува значаен чекор во развојот на меѓународната соработка на ООУ „Јан Амос Коменски“ и придонесува за воведување современи, интегрирани и иновативни пристапи во наставата преку поврзување на STEAM областите со спортот и физичката активност.  Во проектот има шест партнери од пет земји, Шпанија, Холандија, Хрватска, Србија и  два партнери од нашата држава НВО Future Minds и нашето училиште ООУ „Јан Амос Коменски“.