Во Проектот на УСАИД за е-пристапно образование што го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“, е вклучено и  нашето училиште. Во првата фаза од овој проект во 2011 година се стекнавме со базични знаења за асистивната технологија. Втора фаза од оваа обука е зајакнување на стекнатите вештини за процена на потребите од асистивна технологија и нејзино вклучување како ресурс во работата со учениците со посебни образовни потреби (ПОП).

Дисеминација на обуката за примена на асистивната технологија за индивидуализација на наставата се одржа на 10.12.2013 година.

Стекнатите знаења од обуката ќе им помогнат на наставниците во секојдневното спроведување, евидентирање и документирање на работата со учениците со ПОП.

Потребата за спроведување на оваа обука произлегува од тековното реализирање на процесите на инклузија и компјутеризација на образованието кои не смеат да ги одминат учениците со ПОП. Темите кои ги опфаќа обуката произлегоа како потреби и потешкотии со кои се соочуваат училиштата во нивната секојдневна работа.