На ден 05.03.2014 година се одржа традиционалниот петти по ред ЕКО-САМИТ во Скопје. Токму денес на ООУ „Јан Амос Коменски“ Министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски свечено им го додели „зеленото знаме“, кое воедно е највисоко признание во областа на еколошката едукација во воспитно-образовниот систем. На свечениот чин присуствуваше и г-дин Стефано Лазарото-Амбасадор на Швајцарската конфедерација. Истовремено беа доделени и сертификати за директорката Емилија Арсовска, координаторот на тимот – наставничката Олимпија Јовческа и психологот на училиштето Елизабета Ивановиќ.
![]() |
![]() |


