Проектот “Големи и мали” во кои се вкучени ученици од нашето училиште и средношколци од гимназијата “Ѓеорги Димитров” започна со реализација оваа учебна година. Целта на овој проект е развивање на социјални и хумани односи, генерациска солидарност, развивање на мудри вештини и расудување како и дискусии и споделување на животни искуства.

Со овој проект ќе се воспостави мост меѓу детството и тинејџерството. Две генерации, различни по возраст кои имаат заеднички интереси и желби, во текот на целата учебна година заедно ќе се едуцираат преку работилници, музички дружења, приредби, посета на кино и театар како и посета на значајни настани и локации во општината и градот.

Реализатори на проектот се одделенските наставници Роза Василевска и Велибор Бубулевски како и професорот Ристо Чулев од гимназијата “Ѓеорги Димитров”.