Job shadowing days
Job shadowing days како дел од Еразмус проект Од 28.10-31.10 2024 год. ООУ “Јан Амос Коменски”-Скопје, директор Татјана Јанкуловска, училиштето беше домаќин на својот прв Job shadowing искуство како дел од Еразмус плус проект помеѓу нашето училиште “Јан Амос Коменски ” и Училишниот центар CRA Bajo Turija од Валенсија- Шпанија.
Колегите од Валенсија- трите работни дена ги поминаа во училиштето со различни активности поврзани со користење на ИТ, Вештачката интелегенција како едукативни алатки во наставата, и поврзаноста на истите со инлузијата во образовниот систем. Тие се запознаа со бројните проекти во училиштето од различни сфери и работата на училиштето воопшто. Учениците учесници во еТвининг проектите под менторство на професорот по македонски јазик и литература м-р Матилда Бајкова,ги запознаа со алатките кои ги користеа во проектите како и работата врз прототипот на апликацијата за избор на милениче за своите другарчиња со ПОП. Во рамките на месецот на книгата тие ја посетија и училиштата и градската библиотека “Браќа Миладиновци”- објект Другарче, каде имаа можност да проследат презентација за “Книгата како медиум”заедно со учениците од 8-б,в од училиштето. Колегите од Шпанија во слободното време се запознаа и со некои од природните убавини во околината на Скопје, центарот на градот, и стариот дел-старата турска чаршија, Калето, Матка. Спомен куќата на мајка Тереза. Ја посетија изложбата “Мириса на пандишпан”, која е актуелна во Меморијалниот центар на Холокаустот на Македонија. Благодарност до стручната служба на училиштето колегите кои земаа учество во претставувањето на училиштето, како и до одговорните во библиотеката Другарче и Меморијалниот центар на Холокаустот. Координар на job shadowing days беше м-р Матилда Бајкова..