Во нашето училиште во соработка со ПАКОМАК започна акција за собирање стара хартија и пластична амбалажа. Целта на оваа акција е развивање на еколошката свест кај младите и возрасните. Благодарение на колективот и учениците од недела во недела бројот на собрана амбалажа се зголемува.За таа цел како училиште од ПАКОМАК добиваме течен сапун и средства за хигиена.
Компанијата ПАКОМАК, со цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни уметнички творби од амбалажен отпад, распиша награден конкурс “ Trash for art” кој траеше до 13.12.2013 година.
Нашето училиште учествува на овој конкурс со дела изработени од нашите ученици.