Програмата „Математика со размислување“ е организирана со поддршка од МОН, БРО, УНИЦЕФ и МЦГО. Се реализира на национално ниво, во согласност со целите од настав- ните програми во почетните одделенија. Целта на програмата е да се подобри квалитетот во наставата по математика, преку воведување на современи стратегии, техники и методи на поучување (учење математика со разбирање), кои поттикнуваат постигнување на повисоки резултати кај учениците на националните и екстерните тестирања.
Во нашето училиште обучени се 27 одделенски наставници во 1, 2 и 3 фаза. Обуките ги реализираше одд. наставник Оливера Трифуновска – национален обучувач. Секоја обука (фаза) траеше 49 работни часа.
Од 2010/2011 година одд. наставник Оливера Трифуновска – ментор во Програмата „Математика со размислување“ го спроведуваше процесот на менторска поддршка на обучените наставници. Беа реализирани следните активности: посета на наставни часови, увид во наставничко портфолио, увид во планирањата, дискусија за работата на активот, разгледување на училниците. Беа користени алатките за согледување на веродостојност кон ООМО (формулар А и формулар Б).
Од менторската поддршка беше констатирано дека поголем број од обучените наставници ги применуваа иновативните приоди, методи, техники и стратегии, изработуваа и користеа нагледни помагала во наставата, истите беа изложени во училниците, имаа наставничко портфолио кое ги задоволуваше основните стандарди.
На 25.05.2012 година, беше формиран стручен тим за сертификација на обучените наставници во состав: Емилија Арсовска – Директор, Оливера Трифуновска – обучувач и ментор во Програмата „Математика со размислување“ и Елизабета Ивановиќ – психолог.
Стручниот тим во согласност со насоките и критериумите за сертификација во учебната 2011/2012 год. сертифицираше 8 наставници, кои се стекнаа со сертификат за успешна примена на новите приоди во наставата по математика. Стручниот тим продолжува со процесот на сертифицирање на обучените наставници и во наредниот период