Тенис

Нашата ученичка Деа Крстевска од 8в одделение го освои државното првенство во Македонија во тенис до 14 години во поединечна конкуренција како и прво место на државното во конкуренција на двојки.

50 години ООУ „Јан Амос Коменски“

50 години ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ вложува во образованието на младите генерации. 50 години докажани во својата воспитно-образовна работа. Секогаш во првите борбени редови во имплементацијата целодневната настава, активната настава, единствени во градот со просторија за учениците со ПОП, највисока еколошка награда – зелено знаме, отворени прозорци за живот без Read more

На посета кај нашите пријатели

Проектот-Меѓуетничка интеграција во образованието „Сите сме едно-играме заедно“, на УСАИД и МОН, а во соработка со БРО, расте и се развива во правилна насока. Доказ за тоа е посетата на ученици, наставници, родители и претставници од Одделението за образование при Општина Карпош, на тетовската општина Боговиње и тамошното основно училиште Read more

Зеленото знаме пристигна и во ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје

На ден 05.03.2014 година се одржа традиционалниот петти по ред ЕКО-САМИТ во Скопје. Токму денес на ООУ „Јан Амос Коменски“ Министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски свечено им го додели „зеленото знаме“, кое воедно е највисоко признание во областа на еколошката едукација во воспитно-образовниот систем. На свечениот чин присуствуваше и г-дин Стефано Лазарото-Амбасадор на Швајцарската конфедерација. Истовремено беа доделени и Read more

Јазична писменост

За примена на активностите од Јазична писменост, наставниците од нашето училиште се обучени во првата група училишта. Со големо задоволство и со особен интерес наставниците успешно ги применуваат стратегиите, техниките, формите и методите преку кои за реализира квалитетна настава по мајчин јазик која овозможува успех во постигнувањата кај учениците. Наставниците со Read more

Математика со размислување

Програмата „Математика со размислување“ е организирана со поддршка од  МОН, БРО, УНИЦЕФ и МЦГО. Се реализира на национално ниво, во согласност со целите од настав- ните програми во почетните одделенија. Целта на програмата е да се подобри квалитетот во наставата по математика, преку воведување на современи стратегии, техники и методи на поучување (учење математика со разбирање), кои поттикнуваат постигнување на повисоки резултати кај учениците на националните и екстерните тестирања.

(more…)

Меѓуетничка интеграција во образованието – МИО

Оваа учебна година нашето училиште е дел од проектот за Mеѓуетничка интеграција во образованието (МИО), проект  организиран од страна на УСАИД, МОН, БРО, ЦСОО. Во училиштето се формираше тим за МИО од 6 членови кои беа обучени за спроведување на проектот во училиштето преку низа активности и работилници.

(more…)

Зелен пакет

Образование за животната средина

Содржи дополнителни алатки и помага за одржлив развој со цел да се спречи неодржливата потреба на природните богатства и деградација на околината како и да се обезбеди живот во согласност со можностите на нашата планета. Мултимедијален пакет за образование за одржлив развој. Основен двигател кој води кон промени пак кои водат кон транзиција на одржлива иднина на мудроста за одржување природна рамнотежа.

(more…)

Големи и мали

Проектот “Големи и мали” во кои се вкучени ученици од нашето училиште и средношколци од гимназијата “Ѓеорги Димитров” започна со реализација оваа учебна година. Целта на овој проект е развивање на социјални и хумани односи, генерациска солидарност, развивање на мудри вештини и расудување како и дискусии и споделување на животни искуства.

(more…)

„Отпад собираме-подароци добиваме“

Во нашето училиште во соработка со ПАКОМАК започна акција за собирање стара хартија и пластична амбалажа. Целта на оваа акција е развивање на еколошката свест кај младите и возрасните. Благодарение на колективот и учениците од недела во недела бројот на собрана амбалажа се зголемува.За таа цел како училиште од ПАКОМАК добиваме течен сапун и средства за хигиена.

(more…)