По повод Денот на музеите, учениците од ОOУ „Јан Амос Коменски“ заедно со наставничките Даниела Стојчева и Татјана Ѓеоргиевска реализираа инспиративна и едукативна посета на Даут-пашин амам. ![]()
Низ богатата музејска поставка учениците имаа можност одблизу да ја почувствуваат уметноста, историјата и културното наследство, збогатувајќи ги своите знаења и доживувања.
Воедно, учениците имаа можност преку одлична едукативна игра да пронајдат архаични зборови во „Лавиринтот на уметноста 3“.
Посетата помина во прекрасна атмосфера, исполнета со љубопитност, нови сознанија и многу насмевки.
Културата се учи, доживува и памети!
0 Comments