Со голема чест и задоволство, во периодот од 07–10.05.2026 година, остваривме официјална посета по повод Денот на училиштето „Станислав Сремчевиќ“ Крагуевац, Р. Србија и одбележувањето на 50 години успешна соработка и пријателство.
Делегацијата беше предводена од в.д. директорката Александра Блажевска, заедно со наставничката Марија Христовска, поранешната директорка Маја Старова и поранешниот директор Спасе Колеќески, личности кои со својата посветеност и визија се исклучително заслужни за одржувањето и унапредувањето на оваа долгогодишна соработка.
Во рамки на посетата беше потврдена и продолжена традицијата на меѓусебна поддршка, пријателство и размена на ученици, која претставува мост на поврзување меѓу младите генерации и вредностите што ги негуваме заедно.
Благодарност до домаќините за топлиот пречек и за можноста оваа значајна соработка да продолжи и во иднина. Oš Stanislav Sremčević Zvanični
0 Comments