Учениците од IV одделение учествуваа во едукативниот проект „Интернетот не е само игра!“, поддржан од А1 Македонија.
Преку интерактивни активности, разговор и едукативни содржини, учениците имаа можност да научат како одговорно и безбедно да го користат интернетот, како да ги препознаваат можните опасности во дигиталниот свет и како да ги заштитат својата приватност и личните податоци при користење на социјалните мрежи.
Часот беше исполнет со интересни прашања, размислувања и корисни совети, поттикнувајќи ги учениците да бидат внимателни, одговорни и свесни дигитални корисници.
Затоа што интернетот нуди многу можности, но важно е да знаеме како да ги користиме безбедно.
0 Comments