
Со особено задоволство и гордост го истакнуваме успешниот настап на нашето училиште на манифестацијата „Карпош има талент“, кој беше исполнет со талент, посветеност, емоции и љубов кон уметноста и македонската традиција.
Нашето претставување беше збогатено со прекрасната интерпретација на ученичката Софија Мариќ, која со својот вокален талент, сигурност и искрена емоција ја освои сцената и ѝ даде посебен белег на целокупната изведба. Посебно признание заслужува наставничката по музичко образование, Марија Златановска за вложениот труд, посветеноста и професионалниот пристап во подготовката на ученичката.
0 Comments