Со особена гордост споделуваме дека нашите ученици, автори на „Еко креда“,по успехот на предизвикот за зелени бизнис-идеи, добија можност својот награден производ да го претстават на фестивалот на граѓански организации „Ден на граѓанските организации“, организиран од Цивика Мобилитас на 3 Октомври во Градскиот парк.
На фестивалот нивната идеја беше видена, презентирана и споделена со организации и претставници кои имаат можност да дадат поддршка за понатамошен развој на ученичките идеи. Токму тоа ги отвора вратите проектите од училишните клупи да направат чекор понатаму – кон можност нивните идеи да се развијат во мини-бизнис иницијативи, а производите еден ден да станат вистински производи достапни и на полиците во продавниците.
Тоа би било потврда дека ученичката креативност може да создаде реална вредност и дека еколошките идеи можат да најдат свое место во секојдневниот живот.
Најважно од сè, ваквите искуства ги мотивираат учениците да продолжат да размислуваат, да создаваат и да бараат нови начини за повторна употреба на биоотпадот, знаејќи дека нивната идеја може да биде забележана, поддржана и развиена и надвор од училишната средина.
Горди сме на нашите ученици на нивната храброст да покажат дека можеби токму една мала идеја од училишната клупа е првиот чекор кон голема зелена приказна.
0 Comments