Учениците од III-Б, IV-А, IV-Г, IV-В и V-Б одделение ја посетија балетската претстава „Петар Пан“. Преку прекрасната музика, танцот и волшебната сценска изведба, учениците имаа можност да уживаат во една незаборавна театарска авантура. Претставата ги поттикна нивната фантазија, љубопитност и љубов кон уметноста. Ова беше прекрасна можност за дружење, забава и збогатување на нивните културни доживувања.
Со насмевки и убави впечатоци, учениците се вратија во училиштето!
0 Comments