Нашето училиште го поддржа настанот Generalka weekend(пролетна акција за чистење и рециклирање отпад) организиран од Пакомак.
Човекот наместо да живее во хармонија со природата, влегува во судир со неа, нарушувајќи ја. Ваквите иницијативи се од големо значење за нашето општество.
Учениците од 9б Михаил Јачовски и Срна Ачковска заедно со наставничките по информатика и техничко Нина и Стефанија, собираа и рециклираа шишиња во машините на Пакомак и освоија многу зелени поени. Акцијата продолжува, за да имаме почиста и поубава околина.
0 Comments