Оваа учебна година нашето училиште е дел од проектот за Mеѓуетничка интеграција во образованието (МИО), проект  организиран од страна на УСАИД, МОН, БРО, ЦСОО. Во училиштето се формираше тим за МИО од 6 членови кои беа обучени за спроведување на проектот во училиштето преку низа активности и работилници.

  • На 15 и 17.10.2013, спроведена дисеминација на обуките од проектот за МИО  на која присуствуваа сите наставници од училиштето како и претставници од општината и претставници од советот на родители.
  • На 22.10.2013, реализација на самостојна активност во училиштето под наслов „СИТЕ СМЕ ЕДНО ИГРАМЕ ЗАЕДНО“. Во неа земаа учество 10 училишта од територијата на општина Карпош, учествуваа наставници по физичко и здраствено образование и поддеднаков број на машки и женски ученици од различна етничка припадност. Активноста се реализираше во реновираната фискултурна сала,каде што учениците ги играа детските игри( фризби, куглање, пикадо, хилахоп, бадминтон, скокање, јаже и сл) поделени во групи.
  • На ден 28.11.2013 посета на партнер  училиштето  „Себедин Бајрами“ с. Камењање, општина Боговиње, Тетово од страна на тимот за МИО, договорени заеднички активности и потпишан меморандум со партнер училиштето;
  • На 19.12.2013годинаво училиштето се реализираше активноста ,,Различноста е богатство,,. Учениците од осмите одделениеја од нашето училиште и ОУ,,Сабедин Бајрами,, изработија презентации на државите чии јазици се изучуваат во наставата во РМакедонија. По презентациите беше организирана модна ревија на која учени ците беа облечени во облеките кои се традиционални за земјите кои ги презентираа. Сметаме дека бевме добри домакини и многу ние мило што се запознавме со наставници и ученици од друга култура и етничка припадност кои се покажаа како навистина добри соработници на секое поле.

Училишниот тим за МИО го сочинуваат:

Координатор: педагог Соња Казакова

Членови:

психолог: Елизабета Ивановиќ

одд. наставник : Марија Јошевска, одд. наставник : Марија Христовска,

предм. наставник : Сузана Јакимовска,предм. наставник : Александра Блажевска