oou jan amos komenski

2015-2024 година

Почитувани ученици и родители!

Ви соопштуваме дека ќе следи избор на Првенец на генерација во кој може да учествуваат сите заинтересирани  ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат условите според Правилникот на училиштето и критериумите за избор на првенец на генерација. Периодот за доставување на документите е од 21.5.2024 – 31.5.2024 година.

Учениците треба да ги достават потребните документи до одделенските раководители во предвидениот термин.

Потребни документи:

  1. Свидетелства од четврто до осмо одделение
  2. Пофалници/благодарници од учество на конкурси и акредитирани натпревари
  3. Дипломи од освоени награди на училишни натпревари
  4. Дипломи од освоени награди од акредитирани натпревари (општински)
  5. Дипломи од освоени награди од акредитирани натпревари (регионални)
  6. Дипломи од освоени награди од акредитирани натпревари (државни)
  7. Дипломи од спортски натпревари во кои се промовира училиштето
  8. Дипломи од натпревари за хор и оркестар во кој се промовира училиштето

Пријавата  за учество на Конкурсот за избор на првенец на генерација  е дадена во прилог и може да ја симнете во електронска форма  или да ја подигнете од Вашите одделенски раководители во печатена форма.

.

Напомена: По завршувањето на рокот за пријавување ќе можат да се достават само дипломите од престојните државни натпревари  кои завршуваат заклучно со 8.6.2024.

Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани од Комисијата