СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА
2015-2024 година
Почитувани ученици и родители!
Ви соопштуваме дека ќе следи избор на Првенец на генерација во кој може да учествуваат сите заинтересирани ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат условите според Правилникот на училиштето и критериумите за избор на првенец на генерација. Периодот за доставување на документите е од 21.5.2024 – 31.5.2024 година.
Учениците треба да ги достават потребните документи до одделенските раководители во предвидениот термин.
Потребни документи:
- Свидетелства од четврто до осмо одделение
- Пофалници/благодарници од учество на конкурси и акредитирани натпревари
- Дипломи од освоени награди на училишни натпревари
- Дипломи од освоени награди од акредитирани натпревари (општински)
- Дипломи од освоени награди од акредитирани натпревари (регионални)
- Дипломи од освоени награди од акредитирани натпревари (државни)
- Дипломи од спортски натпревари во кои се промовира училиштето
- Дипломи од натпревари за хор и оркестар во кој се промовира училиштето
Пријавата за учество на Конкурсот за избор на првенец на генерација е дадена во прилог и може да ја симнете во електронска форма или да ја подигнете од Вашите одделенски раководители во печатена форма.
.
Напомена: По завршувањето на рокот за пријавување ќе можат да се достават само дипломите од престојните државни натпревари кои завршуваат заклучно со 8.6.2024.
Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани од Комисијата