Наставник, па ректор на латинското училиште а подоцна и епископ на Чешките браќа. Периодот поминат во Лесна е период на плодна творечка работа по која ќе биде ценет меѓу современи- ците.

Виорот на војната ја пеплосува и  Лесна, па Коменски е принуден повторно да лута низ Европа, финансиски поткрепен од богаташите кои го ценеле неговиот труд. Патува во Германија, Холандија. Така ги утврдил новите начини за образование и сметал дека училиштето мора да биде задолжително за сите деца и го вовел предметно – часовниот – одделенски – школски систем кој е урнек за денешниот образовен систем. За своето време се прославил со своите   револуционерни мисли: „Повторувањето е мајка на знаењето“  и „Училиштето е игра“ и бил ценет како реформатор на образованието. Во еден наврат и Англиската кралица барала од него мислење за реформи во нивниот образовен систем и му се пофалила дека латински научила благодарејќи на неговата книга. Тогаш е во контакт со Рене Декарт, еден од најголемите тогашни филозофи со кого  разменуваат мислења. Оттогаш е и неговата филозофија, која се нарекува „пансофија“, каде главната филозофска мисла е за една хармонија која владее со целиот космос. Се залага за слобода -„Секаде слобода да тече!“; „Насилството да им е далечно на сите“ и рамноправност- „На луѓето им прилега  само човечноста“, а не, едни да уживаат во изобилие без работа,  додека другите страдаат за корка леб, искористени и обесправени.

Последните години од животот ги минува во Холандија, во Амстердам, длабоко разочаран од војната и своите постојани странствувања. Умира на седумдесет годишна возраст.

Една година по неговата смрт, Лајбниц ќе напише дека допрва ќе се цени и вреднува трудот на Коменски, неговите дела и сето она за кое се залагал целиот свој живот. И навистина, ликот на Коменски не избледува низ вековите поминати, туку напротив се откриваат се’ нови димензии кои само го потврдуваат неговото место меѓу  великаните.