ЈАН АМОС КОМЕНСКИ е голем светски и европски великан на педагошката мисла и практика. Нашето училиште е токму тоа,  УЧИЛИШТЕТО кое е носител на неговото големо име.

Оваа година се навршуваат 50 години постоење на нашето училиште. Цели пет децении во него се воспитуваат и образуваат млади генерации, кои со успех, задоволство и голем ентузијазам ги извршуваат поставените задачи.

Нашиот патрон го славиме на 27 Март на денот на неговото раѓање, орагнизирајќи при тоа различни активности со кои умееме да го одбележиме значењето и вредноста на овој голем педагог, како и нашата гордост за работата во образовната установа која го носи неговото име.

Навраќајки се низ времето, славејќи го нашиот патрон, не може а да не се спомене соработката и збратимувањето со училиштата од пошироките простори. Во далечната 1976г. на 30.05 потпишана е повелба на збратимување со Основното училиште „Станислав Сремчевиќ“ – Крагујевац и нашето Основно училиште „Јан Амос Коменски“. Соработката се негува и до денешен ден. Особено сакаме да ја истакнеме и ново склучената соработка со училиштето „Сабедин Бајрами“ с.Камењане, општина Боговиње која започна токму оваа година и се надеваме дека истата ќе продолжи уште долги години.