Коменски прославува 6о години

По повод одбележување на 60 годишнината од своето постоење, следната недела ќе се организираат низа активности.


Литературна дружба

Работилница со учениците и уредничката на детска литература Ксенија Трајчева од Просветно дело „Росица“, „Другарче“ и „Наш Свет“

Најмладите имаа можност да бидат дел од магичното шоу


Долгогодишна и плодна соработка со Просветно дело

Читање на литературни творби од литературниот конкурс. Средба и интеракција на учениците со писателите: Наум Попески и Вера Андон и Сузана Томовска (илустратор)

Последни новости

„Образованието е пасош за иднината, бидејќи утрото им припаѓа на оние кои од денес се подготвуваат за него.“ – Малколм Екс

Автоматско училишно ѕвоно

На ден 25.02.2024год. во училиштето е поставен уред за автоматско ѕвонење на училишното ѕвоно.

Благодарение на ученикот Дамјан кој самостојно го програмираше.

Донација на кошаркарски топки за училиштето

На наше задоволство во ООУ,,Јан Амос Коменски” на 15.03.2024 имавме посета од Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македодонија, Перо Антиќ.

Oдбележан денот на пролетта

По повод Денот на пролетта во нашето училиште се одржаа еко активности. Во овие еко активности учествуваа ученици од одделенска и предметна настава и нивните наставници.

Мозаик

од успешни приказни во нашето училиште

Заедно градиме пријателство и успех

Негуваме долгогодишно пријателство и соработка. Работилница со учениците и уредничката на детската литература Ксенија Трајчева од Просветно дело „Росица“, „Другарче“ и „Наш Свет“

Деновиве, во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје, со низа активности се прославува јубилејот 60 години постоење.

Во одбележувањето на овој датум се вклучи и издавачката куќа „Арс Ламина“ со литературни средби со авторите Васил Мукаетов и Марија Костадиновска и со учество на Саемот на книги со продажен штанд. На средбите стана збор за книгите од овие двајца писатели, „Има ли и страна петта?“ од Мукаетов и „Волшебните прегратки“ од Костадинвска, за читањето и за важноста на списанијата за деца „Прв детски клик“ и „Детски клик“ за поттикнување и унапредување на читачките навики.

60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Свечен настан по повод 60 години постоење, едукација, воспитание и јубилеј на нашето училиште